Официјално избран најдобар инфлуенсер во Македонија

ИЗВОРСкопје24
|

Лила Стојановска ја доби наградата за најдобра инфлуенсерка на доделувањето на наградите на магазинот „Стори“.

„Ова почнав да го правам од хоби. Јас не сум виновна што социјалните мрежи одат толку напред. Младите во денешно време на Инстаграм објавуваат и што треба и што не треба. Затоа, ние постарите сме тука да ги подучиме. Јас сум водителка веќе 20 години. И кога ќе го нема Инстаграмот, јас пак ќе бидам водителка. Затоа е важно да имате професија“, рече Лила пред присутните на забавата.

Манифестацијата трееше повеќе од два часа а ја водеа актерите Силвија Стојановска и Горан Стојановски. „Стори“ втора година по ред додели награди на најпопуларните и најуспешните во повеќе области:

Јелена Јованова

Едукативен проект за деца – „Светот на Биби“

Интернационален успех – „Медена земја“

Најдобра актерка – Јелена Јованова

Најдобар актер – Васил Зафирчев

Врвни актерски достигнувања – Сабина Ајрула – Тозија

Култна личност во македонската култура – Горан Стефановски

Хумани и општествено одговорни јавни личности – Кристина Арнаудова и ДНК

Најпопуларна инфлуенсерка на социјалните мрежи – Лила Филиповска

Врвни достигнувања во медицината – „Аџибадем Систина“

Најдобар забавен ТВ – магазин – „Ексклузив“

Најдобро ток – шоу – „Еден на еден“

ТВ – лице – Сергеј Варошлија

Хуманитарен ТВ- проект – „Вип на еден ден“

ТВ – проект што поттикнува промени во општеството – „На иста страна“

ТВ камбек – Анета Кочишки

Траен белег во печатените медиуми – Јадранка Костова

Истражувачки ТВ – серијал – „Код“

Телевизиски достигнувања – Ацо Кабранов

Најдобра спортистка – Наташа Андонова

Најдобар спортист – Бобан Илиоски

Најдобра спортска екипа – РК Вардар

Врвни спортски достигнувања: Горан Пандев

Специјална спортска награда – Специјална спортска олимпијада

Најдобар бенд – Дупер

Најдобра рок – изведувачка – Дани Димитровска

Најдобар видеоспот – Тамара Тодевска

Најдобар албум – Влатко Лозаноски – Лозано

Врвни музички достигнувања – Никола Перевски – Пере (Нокаут)

Траен белег во македонската музика – Влатко Стефановски

Општествено влијателна личност – Бојан Јовановски

Инспиративен говор одржа и Влатко Стефановски. Тој рече дека во секој од јавните личности постојат две личности, една за во јавност, и една за дома, пред огледало.

„Додека ми го храните егото доделувајќи ми вакви награди, имам поголем мотив да одам на пазар, да купам здрави продукти и да готвам за моите деца и моите пријатели што ќе дојдат во нашиот дом“, рече Влатко.

Последната и најважна награда, за „Стори личност“ на годината ја доби Киро Стојов од Кочани кој што донираше орган на свој сосед, а му ја додели министерот за здравство Венко Филипче.

На доделувањето на наградите се појавија водителите Марко Новевски и Живкица Каленикова, радио водителите Славица Ставревска – Цаци и Виктор Петров – Викса, поранешната ракометарка и тренер Индира Кастратовиќ и спортскиот новинар Зоран Михајлов, телевизискиот и радио водител Драган Б. Костиќ и актерката Јана Стојановска, уредничката на „Стори“ Србија, Надежда Јокиќ.

Програмата беше збогатена и со музички дел, во кој настапија гудачкиот оркестар на Пламенка Трајковска, Влатко Лозаноски – Лозано, Дани Димитровска, Александар Тарабунов – Тара, Ѓоко Таневски, Пере од „Нокаут“, Антониа Гиговска.

Сопственикот на 1ТВ, Бојан Јовановски, кој минатата година беше избран за личност на годината од магазинот „Стори“, повторно беше во фокусот на доделувањето на истоимените награди.