Официјално објавени првите пет промени во СДСМ

ИЗВОРСкопје24
|

Разрешувања на шесте потпретседатели на СДСМ и генералниот секретар, Александар Кирацовски на вечерашниот Централен одбор на СДСМ, објави 24 Вести.

Потпретседатели во СДСМ се Фросина Ременски, Дамјан Манчевски, Оливер Спасовски, Мухамед Зекири, Благој Бочварски и Петре Шилегов. Сите денес добија метла од нивниот партиски челник Зоран Заев.

За нов генерален секретар на партијата е предложен министерот за земјоделство Љупчо Николовски. Тој нема да биде повеќе на министерската функција.

Кого се уште треба да опфати „метлата“ на Заев?

Денешната седница следи неколку дена откако Заев ги разреши речиси сите претседатели на општинските одбори на СДСМ и во пресрет на најавената владина реконструкција.

Аналитичарите очекуваат Заев да ја искористи меѓународната и домашната поддршка за операцијата „Метла“ и да ја реализира најавената владина реконструкција и смените во директорските фотелји.

Рамадани очекува, по речиси реализираните амбиции на меѓународен план, Заев да избере кадри чиј фокус сега ќе бидат секојдневните проблеми на граѓаните.

Заев најави дека списокот со имиња на функционерите кои ќе си заминат како и причините ќе ги објави во првата половина од јуни. Се најавува дека ќе направи смени на осум министерски позиции. Дел од неофицијалните информации говорат дека на коалициониот партнер, Али Ахмети на последната средба минатата недела му предложил СДСМ со реконструкцијата да го преземе ресорот животна средина, а за возврат ДУИ да го добие министерското место во транспорт и врски.