ЈАВЕН ОГЛАС БРОЈ – 351/2018 за вработување на 1 државен службеник од група I, подгрупа I во Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство за следните работни места 1. УПР0101Б03000 Помошник раководител на сектор за управување со претпристапни фондови на ЕУ за рурален развој (ИПАРД)(1) извршител(и)
Општи услови – да е државјанин на Република Македонија, – активно да го користи македонскиот јазик, – да е полнолетен, – да има општа здравствена способност за работното место, – со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.
Посебни услови – ниво на квалификациите VI А според Македонската рамка на квалификации и најмалку 240 кредити стекнати според ЕКТС или завршен VII/1 степен, Правни науки, Економски науки, Ветеринарна медицина – најмалку 4 (четири) години работно искуство во струката од кои најмалку 1 (една) година на работно место во јавен сектор, односно најмалку 6 (шест) години работно искуство во струката од кои најмалку 2 (две) години на раководно работно место во приватен сектор
Општи работни компетенции – решавање проблеми и одлучување за работи од својот делокруг – учење и развој – комуникација – остварување резултати – работење со други/тимска работа – стратешка свест – ориентираност кон странките/засегнати страни – раководење и – финансиско управување
Посебни работни компетенции – активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење – потврда за положен испит за административно управување – активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски)
Распоред на работно време – Работни денови понеделник-петок – Работни часови неделно 40 – Работно време од 07:30 до 15:30 – Опис за работното време со почеток на работното време помеѓу 7:30 и 08:30 часот и завршеток на истото помеѓу 15:30 и 16:30 часот
Паричен нето износ на плата: 31.476,00 денари
ЛИНК ЗА ПОВЕЌЕ ДЕТАЛИ И АПЛИЦИРАЊЕ