Ограбена била луксузната вила на Бекам во западен Лондон, а работите да бидат уште почудни, тие биле дома во моментот.
Се верува дека кражбата се случила доцна во вечерните часови на 28 февруари додека Бекамови поминувале време со нивната 10-годишна ќерка Харпер.
Но, ништо не слушнале, ниту виделе, а се било откриено дури кога Круз Бекам (17) се вратил дома. Тој на враќање од ноќниот клуб видел скршен прозорец, утврдил дека од спалната соба недостасуваат неколку работи, а се претпоставува дека вредноста на предметите е неколку илјади фунти.
Лондонската полиција утврдила дека добиле повик на 1 март околу полноќ и дека реагирале на пријавата за кражба во куќа во областа W11 во Кенсингтон.
Бекам го пријавил случајот во полиција по пристигнувањето на неговиот син, а потоа тој и неговиот син Круз го прегледале целиот имот, додека Викторија останала со Харпер дома.
Крадците ограбиле само една соба, извадиле облека на познати дизајнери, неколку парчиња накит и некои електрични апарати.