Охрид денеска како сред туристичка сезона (ВИДЕО)

ИЗВОРНов лист
|

Раздвижено беше денеска низ Охрид. Многу граѓани, особено од Скопје и околината, заминаа во овој град каде ќе го поминат продолжениот викенд, особено по одлуката на Владата за полициски час во главниот град.

Камерата на ТВ21 денеска забележа во Охрид туристи како да е туристичка сезона, среде јули, а не почеток на јуни.

Огромен број на возила го напуштија Скопје вчера попладне пред да почне полицискиот час.

Од Јавното претпријатие за државни патишта потврдуваат дека околу 20.000 возила излегле од главниот град, а тоа се податоците до 19 часот од наплатните рампи на патарините.

На излезот од Скопје кон Куманово кај Миладиновци поминале 7.407 возила, а на излезот кон Велес, на наплатната станица Петровец поминале 4.541 возила.