Новак Ѓоковиќ го освои Вимблдон, а на прес – конференцијата порача дека ќе дојде во Охрид бидејќи мора да ја види убавината на нашиот езерски бисер. Искоментира и за пеењето на „Македонско девојче“.
Низ социјалните мрежи кружи интересна фотографија откако популарниот Ноле прифати да го посети Охрид, за што се работи погледнете сами:
Новото маратонско финале на Вимблдон донесе победа за Новак Ѓоковиќ во дуелот со Роџер Федерер. Како и пред пет години, победникот се решаваше по пет сета и одново со кренати раце мечот го заврши Србинот 3-2 (7-6/5, 1-6, 7-6/4, 4-6, 13-12)
Двајцата тенисери како да ги чуваа силите на стартот, во очекување на долга борба за титулата, па започнаа резервирано. Тоа не донесе многу брејк шанси во првиот сет кој се реши преку тај-брејкот. Српскиот претставник покажа повеќе дисциплина во најбитните моменти и го зададе првиот удар во финалниот меч.
Сосема неочекуван старт имаше вториот сет кој донесе два одземени сервиси од страна на швајцарскиот ас. Од тој момент бранителот на титулата како да се откажа и дозволи да го загуби сетот со убедливи 6-1.
Иста слика како и на почетокот донесе третиот сет. Одново Федерер и Ѓоковиќ сервираа сигурно и повторно стигнаа до 13-ти гем. И повторно Србинот беше поуспешен и застана на чекор од одбрана на титулата од минатата сезона.
По неколку пропуштени брејк шанси на првиот светски рекет, продолжението му припадна на тенисерот од Базел. Тој успеа одново двапати да го одземе сервисот на противникот и многу лесно се избори за петти и одлучувачки сет.
Ѓоковиќ прв направи разлика и со брејк поведе со 4-2, но Федерер возврати и не дозволи трофејот да му побегне од раце така лесно. На крај повторно одлучуваа деталите, а најдобриот српски тенисер беше тој кој што беше поуспешен во тај-брејкот за конечна победа од 13-12.