Охридска свадба која ќе се памети: Цвеќињата и бонбоните нека се во форма на детски играчки за да ги израдуваме дечињата…

ИЗВОРСкопје24
|

Цвеќињата и бонбоните нека се во форма на детски играчки за да ги израдуваме дечињата од дневните центри.` – пишуваше на свадбените покани на Александра и Љупчо кои ја реализираа свадбената веселба на 05 Мај 2019 г.

Нивната љубов започнала токму на хуманитарна акција кога и двајцата биле волонтери.

Собраните играчки денес ги донираа во Дневниот центар `Зраци`, дневниот престој `Добротољубие` и во детското одделение при Општата болница Охрид. Заедно со тетка Анета на дечињата им подарија ден исполнет со љубов, радост и желби за многу здравје.

Им посакуваме вечна љубов и дар од Бога.

Извор: Шило магазин