Голем број верници и набљудувачи се собрале на една плажа во јужна Флорида откако на нејзиниот брег испливал огромен дрвен крст.
Според пишувањата на американските медиуми, некои од собраните граѓани сметаат дека крстот е некој вид на свет знак. Френк Талерико, сопственик на ресортот кој се наоѓа на самата плажа вели дека бил шокиран од ваквата појава, сметајќи го крстот за знак на заштита.
A mysterious giant cross washed up on the shore directly in front of the Ocean Manor Beach Resort yesterday! Tune into…
Gepostet von Ocean Manor Beach Resort am Montag, 4. Februar 2019
Тој чувствува дека крстот е “божествена интервенција” бидејќи пред да се појави на плажата, неговата сестра била тој ден на брегот, молејќи се бидејќи “имала лош сон”.
Од друга страна, сѐ уште нема официјално соопштение за каков крст станува збор и како стигнал тој во океанот. Луѓето претпоставуваат дека тој потекнува од Порторико, а повеќето сметаат дека пристигнал од некој остров по можен ураган.
Денеска е Прочка – празник за проштевање и очистување од гревовите
Прочка претставува голем празник за македонскиот народ и со него се поврзани голем број обичаи и верувања. Очигледно е дека проштевањето е обичај востановен под влијание на црквата, додека огновите, гатањата, карневалите … се остатоци од претхристијанските пролетни забави.
Празникот Прочка или Велики Поклади, меѓу народот познат и како Проштени Поклади, спаѓа во најголемите христијански празници, според некои веднаш по Божик и Велигден. Овој празник доаѓа по неколкуте зимски празници како што се: Бадник, Божик, Водици, Св. Трифун и ги поврзува со поголемиот број пролетни празници како што се: Тодорова Сабота, Летник, Св. 40 маченици (Младенци), Благовештение, Цветници, Лазарева Сабота, Велигден, Ѓурѓовден и др. Со Прочка започнуваат и долгите Велигденски пости, период исполнет со многу обичаи и верувања, со многу одречувања и надежи за пречек на Христовото воскресение (Велигден) за причесна и идентификација со Спасителот Исус Христос.
На Прочка се изведуваат богати обичаи како што се проштевањето (оттука и празникот го добил името), потоа амкањето, обредните огнови, богатата трпеза, гатањето за живот и среќа, обичаите за очистувањето од болви, вошки и други штетници итн. Очигледно е дека некои обичаи како што е на пр. проштевањето имаат христијанска основа, додека другите се остатоци од претхристијанските пролетни празнувања.