Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски денеска во изјава за медиумите кажа, вели дека е добро тоа што полицијата веднаш постапи по објавеното видео со „Бентли“ автомобилот кој влетува на скопскиот плоштад меѓу луѓе, но според него казната од 45 евра не е доволна.
„Имаме такви неодговорни граѓани кои се однесуваат најблаго речено бахато во едни такви услови да се движат по плоштад и тротоари да паркираат кај ќе им текне“, рече Спасовски.
Како потсетување сопственик на Бентли во полна брзина синоќа влета меѓу пешаци , кои уживаа во новогодишната атмосфера на плоштадот „Македонија“. Видеото од возилото беше објавено на социјалната мрежа ТикТок од корисникот „Бурим Харачина“ . На видеото се гледа како луѓето панично бегаат пред автомобилот.
Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека вечерва околу 19 часот е пронајден и санкциониран Б.А. од Арачиново, кој со патничко возило се движел по плоштадот во Скопје и ја загрозил сигурноста на присутните граѓани