Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ посебно води сметка за исхраната и добро е познато дека неговиот успех почнал дури кога во целост го исфрлил глутенот, а не е тајна и дека не јаде месо.
Ѓоковиќ пред четвртфиналето на Вимблдон, во кое се среќава со Мартон Фуковиќ, откри како изгледа неговиот почеток на денот, односно што јаде секогаш за појадок.
„Мојата омилена храна за појадок се овошје и зелено смути“, рекол Новак, на кој тоа му е доволно за да добие доволно енергија за да го продолжи денот.
„Не можам да го почнам денот без тоа“, додал тој.
Пред мечот, Ѓоковиќ избегнува прејадување и не пие многу вода, пие само колку да се освежи. Ако му падне енергијата – тој најмногу јаде урми, понекогаш и банани, како и разни енергетски пијалоци што ги носи со себе на натпревари.
„Велат кога сте исплашени, се грчи стомакот и не можете да јадете. Страв, трема и мотивација – сето тоа се случува кога одите на финале на Вимблдон, а тоа е причина за грчеви во стомакот. Не мислите на храна и знаете дека ќе имате енергија, бидејќи знаете дека тоа што сте го направиле пред тој ден, сте го направиле на вистински начин за да бидете на вашиот максимум.
Плус адреналин, маратонците трчаат 10 часа и не јадат ништо. Некој би рекол – Како? Но, сè е можно“, порачал неодамна Новак.