„Оние кои го граделе потпорниот ѕид, треба да одговараат“, вели градоначалникот Георгиевски

|

Се урна потпорен ѕид во должина од над 30-тина метри на Булеварот Борис Трајковски, а причина за негово оштетување е поројниот дожд кој го зафати Скопје.

Градоначалникот на Кисела Вода, Орце Георгиевски, во вестите на Сител изјави дека до вечер ќе се обезбеди целиот потег и апелираше возачите кои се движат од Драчево кон Центар да внимаваат.

„Ќе се изготви проект за санација и ќе се направи ревизија како е граден потпорниот ѕид. Ќе се испита целата состојба со оваа градба, но сведоци сме дека многупати се случувале и траг едии и ќе ги испитаме сите потпорни ѕидови на територијата на општината. Тие што ги изведувале овие активности, треба да одговараат, бидејќи народот плаќа а можело да има и жр тви“, рече Георгиевски.

,,За жал, не можеме да ги спречиме временските непогоди, но можеме да делуваме во иднина да не ни се случуваат вакви или поголеми штети, или не дај Боже – тра гедии.

Граѓаните на прво место, остануваме тука до целосно враќање во нормала на овој дел од Кисела Вода“, додаде тој.