Опожарена напуштена куќа во Маџир Мало, гори на уште две места во Скопје

|

Покривна конструкција и еден кат на напуштена куќа во Маџир Маало беа опожарени денеска, потврдија за МИА од Град Скопје, посочувајќи дека во пожарот нема жр *ви.

Од таму додаваат дека огнот е локализиран и дека се работи на утврдување на причините за пожарот.

Претходно од скопската Територијална противпожарна единица за МИА потврдија дека пожарот избувнал во напуштена куќа на улица „Ѓуро Ѓоновиќ“ број 65, во близина на новата Железничка станица. Во гаснење на пожарот учествувале три противпожарни возила и 10 пожарникари.

Покрај овој, пожар избувнал и во штала во Кондово, во чие гаснење учествувале две противпожарни возила со седум пожарникари, како и на обиколницата по „Еуроактива“ кон Блаце, каде се интервенирало со две возила и седум пожарникари.

Вториот пожар е во штала во Кондово, во чие гаснење учествуваат две противпожарни возила со седум пожарникари, а третиот е на обиколницата по „Еуроактива“ кон Блаце, каде се интервенира со две возила и седум пожарникари.