Општина Аеродром блесна во новогодишен сјај

ИЗВОРОпштина Аеродром
|

Илјадници светилки оваа година ги осветлија парковите и внесоа новогодишна магија во Општина Аеродром.

            Со високи новогодишни елки, светлечки снегулки, еленчиња, фонтана, големи лампиони и ѕвездено небо ги украсивме парковите Бисер, Мичурин, Бојмија, Јане Сандански, Долно Лисиче, улицата „Тоше Проески“, како и булеварот „12 Македонска бригада“ во населбата Лисиче.

            Меѓу украсите распоредени на различни локации, доминираат сината и белата боја и создаваат пријатна атмосфера за вечерни прошетки на аеродромци во пресрет на новогодишните и божиќните празници.