Општина Аеродром воведува нови мерки – ќе гасне светилки, фонтани и рефлектори за да заштеди

ИЗВОРНов Лист
|

Во насока на заштеда на електрична енергија, а следејќи ги препораките, стручниот тим од Општина Аеродром што работи на надминување на кризата со електрична енергија, од 1 септември носи пакет на мерки за штедење на електрична енергија.

Се работи за мерки со кои се очекува драстично намалување на потрошувачката на електрична енергија, со што значително ќе се придонесе за полесно надминување на енергетската криза во Македонија и сериозниот удар што таа го нанесе врз општинскиот буџет, и тоа:

– Престанок со работата на сите фонтани и исклучување на внатрешното и надворешното осветлување;
– Осветлувањето во парковите на територија на Општина Аеродром ќе биде редуцирано, односно светилките ќе работат преку една, а целосно ќе се гасат во 1:00 часот по полноќ;
– Уличното осветлување на сервисните улици со кое стопанисува Oпштина Аеродром ќе биде редуцирано, односно ќе работи преку една светилка и ќе се гаси 2 часа порано од вообичаеното;
– Рефлекторите на спортските игралишта ќе престанат со работа од 1 октомври.

Општина Аеродром со овие мерки става крај на неразумното трошење на електричната енергија и почнува со рационално управување со средствата.