Општина Карпош донира облека за бездомниците и социјално загрозените

ИЗВОРНов Лист
|

Во текот на изминатите десет дена вработените од општината имаа можност да донираат облека што не ја користат, но е во добра состојба.

Градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев денеска ја донираше својата облека, а сите пакети ќе бидат споделени со Црвен крст, кој ќе обезбеди дистрибуција на истите.

Од општината велат дека основната цел е да се овозможи топла облека и подобри услови за поминување на зимскиот период, за бездомниците и граѓаните во социјален ризик.

Локалната самоуправа неодамна организираше и крводарителска акција, каде што 35 службеници донираа крв. Исто така, во рамки на деновите на Општина Карпош беа споделени 80 пакети (со прехранбени продукти и средства за хигиена) со социјално – загрозените домаќинства, а се помогна и на геронтолошкиот завод „13 Ноември” и СОС „Детско село”.