Oвие денови сме сведоци на покачено ниво на загадувањето на воздухот и концентрација на ПМ10 честички над дозволените граници. Поради ова, Општина Аеродром ги повика жителите да ги почитуваат препораките од Град Скопје со цел заштита на нивното здравје.
„По добиеното известување од страна на Министерството за животна средина и просторно планирање дека квалитетот на воздухот два последователни дена е над законски пропишаниот миниумум, Град Скопје прогласи предупредувања и препораки согласно со Законот за квалитет на амбиенталниот воздух, со цел заштита на здравјето на граѓаните и намалување на загадувањето на воздухот.
Воедно, би сакале да потенцираме дека токму екологијата и здравата животна средина се наши приоритети во овие 4 години, а една од главните заложби ни е да ја оставиме општината почиста и поздрава.
Во меѓувреме, апелираме до граѓаните на свесност и почитување на краткорочните мерки пропишани од Град Скопје.
Движењето на отворен простор да се сведе само на неопходни излегувања, а малите деца, бремените жени, хронично болните и повозрасните луѓе да не излегуваат на улица и да не се проветруваат просториите во кои се престојува, да се користи јавниот превоз во автобусите на ЈСП и приватните превозници кој во наредните денови ќе биде бесплатен“, велат од Аеродром.