Општините ги кратат буџетите поради високите сметки за струја

|

Почнаа ребалансите на буџетите на општините. Се кратат парите за реконструкции и изградба на улици и тротоари за да се платат високите сметки за струја. Прва општина од истокот која го направи е Кочани. Советниците изгласаат ребаланс, со кој предвидоа дополнителни 13,5 милиони денари, но донесоа и одлука за ново јавно претпријатие што ќе се грижи за уличното осветлување.

СО КОРЕКЦИИТЕ ВО ОВИЕ ПРОГРАМИ И СО ФОРМИРАЊЕТО НА ПРЕТПРИЈАТИЕТО ЗА ЈАВНО ОСВЕТЛУВАЊЕ, ЗАШТЕДИТЕ ЌЕ БИДАТ НАМЕНЕТИ ЗА ПРОЕКТИ КОИШТО ГИ БАРААТ СОВЕТНИЦИТЕ. СО ЦЕЛ ДА СЕ ЗГОЛЕМИ ФОНДОТ ЗА ИНФРАСТРУКТУРНИ ПРОЕКТИ, СОВЕТОТ ИЗГЛАСА СРЕДСТВАТА ОД СТАВКАТА ЗА ПРИВРЕМЕНИ ВРАБОТУВАЊА ДА СЕ НАМЕНАТ ЗА ИЗГРАДБА НА УЛИЦИ И ПАТИШТА, ВЕЛАТ ОД ОПШТИНА КОЧАНИ

Енергетската криза им зададе тежок удар пред се на комуналните претпријатија. Од здружението АДКОМ се уште го чекаат одговорот од Владата, до која испорачаа барања за полесно да ја пребродат кризата.Враќање во повластената тарифа како граѓаните, но и поедноставни процедури за трансфрмација на градежно земјиште за соларни централи. Велат има решенија, но никој од надлежните не сака да ги слушне.

Се уште нема официјална анализа за долговите на општините и комуналните претпријатија. Највисоката сума за струја ја плаќа штипски Исар, за три месеци долгот им е 600.000 евра.

Проблемот со сметките за струја е сериозен иако нема јавно објавена анализа за вкупните обврски на општините и комуналните претпријатија во државата. Една од највисоките суми треба да ја плати штипски Исар, за три месеци 600.000 евра, што е околу два и пол пати од нивните вкупни месечни приходи.

Викторија Димитрова Јованова