Оригинален рецепт: Лазања со мелено месо и бешамел

ИЗВОРНов Лист
|

Направете вкусни лазањи со бешамел и мелено месо.

СОСТОЈКИ: 1 пакување кори за лазања 300 гр. мелено месо 1 главица кромид 250 гр. доматно пире кашкавал, бибер и сол 4-5 лажици масло за бешамел 4-5 лажици брашно 300 мл. млеко.

ПОДГОТОВКА: Се сече ситно кромидот и се динста со доматното пире. Се додава меленото месо со сол и бибер и се остава се убаво да згусне. Се прави бешамел во друга тава со тоа што се загрева масло со брашно и се додава млеко. Можете да ставите и оригано по вкус.

Се зема плех и се става ред кори, па сос со меленото месо па бешамел и така се додека има смеса и кори. Се завршува со кори и горе се става само бешамел и кашкавал. Се пече на 200 степени околу половина час.