Страшниот пожар во Осиек, во фабриката „Драва“ го загрижи целиот регион. Епидемиологот Никола Краљик ги предупреди локалните жители да не јадат овошје и зеленчук од нивните градини поради можност за контаминација.
Во фабриката гори пластика, чии испарувања можат да влијаат врз здравјето, па раководителот на епидемиолошката служба во Заводот за јавно здравје на Осиечко-барањската жупанија и член на Кризниот штаб, Никола Краљик, го предупреди населението да не ги конзумираат плодовите од нивните градини.
„Во моментите кога има големо количество чад и согорување на пластика, се креваат голем број честички кои ќе го загадуваат воздухот и земјата не само краткорочно, туку и долгорочно време. Затоа се препорачува да не се консумира храна од бавчи и овоштарници“, рече тој.
Главната порака е да не се користат овошјата и зеленчуците, но доколку мора да се консумираат, мора добро да се измијат и механички да се исчистат.
Се додека не видиме колкави се концентрациите на честичките и точно во кои зони, бидејќи во моментот тие лебдат во воздухот и порано или подоцна ќе бидат однесени или ќе паднат во радиус од неколку километри од пожарот, објаснува Краљик за хрватските медиуми.
Градоначалникот на Осиечко-барањската жупанија Иван Анушиќ изјави дека мештаните „веќе 20 години предупредуваат за проблемот“.
„Пластичен отпад се депонира во дворот на фабриката, на површина од десет хектари и висина до осум метри. Пластиката беше натрупана една врз друга, слободна проценка е дека се работи за околу 500.000 кубни метри пластика. Тоа само по себе беше еколошка опасност, а сега кога отпадот се запали под тотално чудни околности, се разбира дека е многу полоша ситуација за сите што живеат во близина на фабриката“, рече тој.