Формиран е секретаријат на историската комисија, членовите ќе им бидат асистенти на тие од комисијата, имињата сами ќе ги предлагаат.
Формирана е и интер-ресорска група за спроведување на протоколот со Бугарија, ќе ја предводи министерот за надворешни работи, Бујар Османи.
Истовремено, во однос на иницијативата за референдум, министерот Османи смета дека референдум за договорот со Бугарија ниту може, ниту смее да се случи. Тој подвлекува и дека според него не смеат да се случуваат еднонационални референдуми.