„Останавме без пари!“ – Мелина и Харис Ѓиновиќ минуваат низ тешка финансиска криза

|

Пејачот Харис Ѓиновиќ и неговата сопруга Мелина веќе две години ја градат својата импозантна вила во белградската населба Сењак, иако планираа да ја завршат многу порано. Убавата дизајнерка открива зошто работата во идниот дом оди толку споро и дали има вистина во тоа дека семејството Ѓиновиќ минува низ тешка финансиска состојба.

Нашата куќа е вистинска мистерија за јавноста. Останавме без пари, па изградбата паузира, рекла Мелина и додала дека таа и Харис не брзаат за да го изградат домот од соништата.