Останете дома: Дожд, ветер и силни грмотевици го зафатија Скопје (ФОТО)

ИЗВОРСкопје24
|

Невреме проследено со дожд, ветер и грмежи го зафати Скопје во моментов.

Најмногу дожд врне на повисоките делови на Скопје, како и во централното градско подрачје.

Дожд УХМР најавува и за утре попладне, додека во недела ќе имаме целосно стабилизирање на времето.

Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне претежно во крајните планински региони ќе има услови за појава на краткотрајна нестабилност со пороен дожд и ретки грмежи. Минималната температура ќе се движи од 10 до 18 степени, а максималната температура од 27 до 35 степени. УВ индексот ќе биде 8.

Во Скопје времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб северен ветер. Попладне облачноста ќе се зголеми. Минималната температура ќе достигне до 16 степени, а дневната до 33 степени.

В недела и во понеделник ќе преовладува сончево и топло време со мала до умерена облачност. Од вторник ќе биде ветровито со услови за локален пороен дожд