Останете дома или во сигурен затворен простор, УХМР најави силно невреме

|

Силно невреме попладнево се очекува да ја зафати Македонија предизвикано од судир на африканска и сибирска воздушна маса. Интензивните врнежи од дожд се очекуваат во доцните попладневни часови, а наместа ќе бидат во форма на силно невреме, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

„За кусо време може ќе има локални поројни поплави, бурен разорнувачки ветер, силни и чести електрични празнења и појава на град кој локално би можел да биде прилично крупен. Во делови на Скопје и неговата околина, исто така, постои опасност од појава на локално силно невреме со силен ветер и град“, се вели во соопштението на УХМР.

Од таму апелираат до граѓаните да бидат крајно внимателни, да останат дома или на сигурен затворен простор, да ги затворат сите прозорци, климите да ги исклучат, да не престојуваат на било каков отворен простор и под осамени кршливи дрвја, на улици, во паркови, покрај водата, реките, езерата и слично.

Се претпоставува дека исклучително силното невреме би можело да потрае околу 20-тина минути.