|
Мексичка, Ленинова, Железничка, 4- јули и уште стотина улици остануваат на своите оригинални имиња откако доцна по полноќ советот на Град Скопје одлучи да не ја поништува одлуката со која треба да им се вратат имињата.
Предлог точката беше доставена од советничката група на ВМРО- ДПМНЕ но за неа не се отвори расправа бидејќи советниците се договорија прво да се достави документацијата со која ќе се поткрепи барањето а потоа да се расправа за точката на некоја наредна седница.
Предлогот предизвика бура во јавноста со оглед дека овие имиња на улици беа заменети со антички, револуционери и национални термини иако имињата на дел од улиците се добиени по несебичната поддршка на земјите од светот по катастрофалниот скопски земјотрес.