Православниот манастир Острог спаѓа меѓу најпосетените светилишта на Балканот. Кога ќе се спомене Острог, веднаш се помислува на место на кое се случуваат чуда. Во него доаѓаат посетители од сите религии и нации, бидејќи се верува дека моштите на Свети Василиј Острошки се чудотворни.
Манастирот Острог, кој е врежан во карпите, основан е од митрополитот Василиј во XVII век. Највпечатлив дел од манастирот е Горен Острог, каде се сместени две мали цркви: горна – посветена на Светиот Крст, и втората, посветена на Воведение на Богородица. Сместување во Горниот Манастир во повеќекреветни простории со кревети на спрат, на чардак или во манастирскиот двор. Во манастирот се добива душек и ќебиња. Или можност за сместување во Долeн Манастир, кој поседува 29 повеќе креветни соби (8, 10 кревети во соба).
Овој манастир е посетуван во секој период од годината, и во лето и во зима кога Острошкиот манастир е покриен со бела снежна покривка посетителите освен во магијата која ја нуди манастриот уживаат и во прекрасна бајковита глетка од која буквално се одзема здивот.
За Острошкиот манастир постои верување дека дури и ако отидете во период кога е студено и преспиете надвор студот едноставно не ви може ништо, светецот Василиј Острошки е оној кој ве чува од секакви зла и болести. Доказ за ова е сведоштвото на една млада жена која во период на минусни температури решила да преспие до дворот на манастирот додека сите биле сместени во конаците. Сите во неверување говореле дека не е можно да го издржи тој студ, но после преспиената ноќ се докажало дека жената се разбудила во сосема добра здравствена состојба.
За магија која ја поседува Острошкиот манастир особено во зима, кога целиот е прекриен со снежна покривка, говорат фотографиите кои ќе сакате да ги погледнете одново и одново.
Автор: Љ.С