Остри реакции по укинувањето на „Утринска на Телма“

ИЗВОРСкопје24
|

Пејачи, актери, музичари, спортисти и културни работници со остри реакции на социјалните мрежи го искажаа својот револт по веста дека шоуто „Утринска на Телма“ од септември нема да оди во етерот.

Водителите Елена, Гоце, Марко и Цеце кои уживаа голем рејтинг во јавноста денеска преку соопштение на нивната фан-страна информираа дека причините се познати на менаџментот и на управата на телевизијата.

– Една од ретките емисии кои останаа отворени за промоција на вистинските вредности оди во заборав. Дајте му на Боки некое шоу да води утринско со некоја фолк певаљка.. Да пополни.. И така нема ТВ сега, а ќе му фали медиумски простор па идеален тајминг е. Ах бреее.. Ерозија во сите сфери и културни самоубиства на секој агол. Мизерија! – напиша фронтменот на „Суперхикс“, Петар Младеновски.

Со жалење ја дочека оваа вест и тенисерот Предраг Русевски. Бурно реагираше и пејачката Сара Мејс, но и нејзиниот сопруг Димитар Атанасовски.

– За сѐ што вреди кај нас нема простор на телевизија… Дечки одлична екипа сте, во некои други подобри времиња, се надевам дека пак ќе ве гледаме во овој состав – напиша тој.

Со порака се огласи и Викторија Лоба.

– Ви посакувам да имате уште подобар проект затоа што вредите многу повеќе, сигурна сум дека ве чека одлична иднина! И поддршка! – напиша пејачката.