Данокот се враќа на лебот, брашното и маслото за јадење, како и маржите на другите основни производи меѓу кои се млекото, месото, јајцата, оризот, сирењето и други… Со враќањето на данокот од 5%, проценките се дека маслото за јадење ќе добие повисока цена од најмалку 7 денари, брашното за 3, а лебот од 3 до 6 денари. Граѓаните очекуваат нов потег на Владата, бидејќи како што велат, ударот по нивниот џеб е се понеиздржлив.
Од полноќ се очекува и горивата да добијат рекордни цени и за прв пат да ја надминат 100ката бидејќи ДДВ-то од 10 се враќа на 18%, а се враќа на сила и акцизата која споре владините мерки во зависност од светските берзи се намалувше за 1 до 3 денари. Со ова, цените на горивата се очекува да бидат повисоки за околу 10 денари. 95-ката ќе изнесува – 104 денари, 98 октани ќе чини 106 денари за литар. Дизелот кој досега беше 86 денари од литар ќе изнесува 95 денари. И покрај ваквата состојба, сепак дел од експретите очекувааат понатаму цените да се стабилизираат.
„Нема некое драстично зголемување да има на цените, затоа што ако видиме и на светскиот пазар на енергенсите веќе имаме некое стабилизирање на тие цени, на нафтените деривати, едино може да имаме проблем со електричната енергија, не знаеме како ќе ја започнеме зимската сезона.
Овие мерки владата ги донесе во март како амортизација на стандардот на граѓаните и да спречи ценовен шок. Со ребалансот на буџетот, предвидени се 76 милиони евра за нов пакет мерки.