Откако дозна дека е бремена, донесе важна одлука: Бритни Спирс сфати дека е време за пауза – Еве за што се работи

ИЗВОРНов Лист
|

Поп ѕвездата Бритни Спирс донесе важна одлука сега кога е бремена. Имено, пејачката оваа вест ја објави на Инстаграм заедно со видео од бебе кое носи очила за сонце и лежи во минијатурен салон.

– Правам мала пауза од социјалните мрежи. Ја испраќам мојата љубов и Господ да ве благослови сите – напиша Бритни во последната објава на социјалните мрежи.

Да потсетиме, Бритни неодамна откри дека чека дете со вереникот Сем Асгари и тоа на многу убав начин. Како што рекла, на почетокот мислела дека само се дебелее и дека поради храната и расте стомакот.

– Направив тест за бременост… Ќе имам бебе. Стомакот расте, се надевам дека не се близнаци внатре – изјави пејачката, а Сем едвај чека да стане татко.

Сем за сето ова објави и на Инстаграм.

-Татковството е нешто на кое отсекогаш се надевав и не го сфаќам лесно. Мислам дека тоа е најважната работа што некогаш ќе ја работам – изјавил вереникот на поп ѕвездата.

Да потсетиме, пејачката веќе има две деца, Шон Престон (16) и Џејден Џејмс (15) од бракот со Кевин Федерлајн. Следбениците на социјалните мрежи беа изненадени од радосната вест, а за Бритни и Сем ги имаа само најубавите честитки.

– Заслужуваш среќа. Ќе бидете одлични родители – напишале фановите.