Откако стана хит на интернет пеејќи во кујната, готвачот од Тајланд сега ја запеа “Tи, само ти” заедно со Марјан Коцев (Видео)

ИЗВОРСкопје24
|

Македонскиот фолк пејач Марјан Коцев моментално се наоѓа на турнеја во Австралија, а неговиот престој во Сиднеј го искористи да се сретне со момчето од Тајланд, кое стана хит на социјалните мрежи пеејќи ја неговата песна “Ти, само ти”.

Коцев отишол во ресторанот “Скара Рама5” кој е во сопственост на битолчанецот Иле Моша и се сретнал со Том, момчето од Тајланд кое работи како готвач во овој ресторан.

Секако, Том и Коцев одново заедно ја запеаа песната и предизвикаа бура позитивни реакции на социјалните мрежи.

Gepostet von Marjan Kocev am Dienstag, 22. Januar 2019

Видеото се појави на социланата мрежа Фејсбук пред неколку дена и ги насмеа корисниците до солзи. Имено на видеото може да видите како во кујната на овој ресторан двајца азијци се забавуваат и на цел глас ја пејат познатата македонска народна песна на Марјан Коцев „Ти само ти“.

Во продолжение погледнете го видеото кое ги освои македонците ширум светот:

Gepostet von KAMAJ.net am Donnerstag, 17. Januar 2019