Откажани прегледите на Клинички поради посетата на папата

ИЗВОРСкопје24
|

На 7-ми мај се откажани сите закажани прегледи во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“. Одлуката е донесена од Министерството за здравство, а ја потврдуваат и од „Мој термин“ од каде соопштуваат дека откажувањето на термините е поради посетата на папата Франциск на Скопје.

– Прегледите за на 7 мај се откажуваат. Ова е поради посетата на папата и почитување на протоколот – велат од „Мој термин“.

Кога ќе се реализираат откажаните термини во вторник, од „Мој термин“ немаат одговор и велат дека очекуваат официјално известување од кабинетот на министерот, а потоа ќе ги информираат пациентите чии термини се откажани.

Заради посетата на папата, на неколку часови во вторник ќе биде затворен и скопскиот аеродром.

Сите патници кои имаат утрински летови од Меѓународниот аеродром Скопје, на 7 мај, ќе треба да пристигнат на аеродромот најдоцна во 7 часот, бидејќи од 7:30 часот до 9 часот патот до аеродромот ќе биде затворен за сообраќај, додека оние патници кои ќе имаат вечерни летови, ќе треба да пристигнат на аеродромот најдоцна до 15:30 часот, бидејќи од 16:15 часот патот до Меѓународниот Аеродром Скопје ќе биде затворен за сообраќај – соопштуваат од скопскиот аеродром.

„Во врска со редовниот автобуски превоз за патници на ТАВ Македонија, од Градот Скопје до Меѓународниот аеродром Скопје и во обратната насока, со официјалниот превозник „Манора“, на 7 мај, временскиот распоред на автобуските линии нема да претрпи промени, освен линијата која во 8:30 часот поаѓа од Аеродромот кон Скопје, која на 7 мај ќе тргне половина час подоцна.