Популарната пејачка и актерка Џенифер Лопез минувала низ тешки животни периоди, но секогаш имала надеж за подобро утре.
Иако животот на јавните личности на многумина им изгледа како бајка, тие поминуваат и низ многу животни предизвици.
Една од нив, која имаше подеми и падови, несомнено е Џенифер Лопез. Сепак, би се рекло дека таа е една од ретките луѓе која успешно ги задржала приватните проблеми за себе, без да покаже колку навистина и е тешко.
Што и да и се случило во животот, таа стоички трпела, а најмногу сила црпела од семејствотo.
Таа неодамна откри колку музиката е важна како дел од нејзиниот живот кога на својот Инстаграм објави невидени фотографии од снимањето на песната „Dance again“. Всушност, токму оваа песна, која ја снимила пред 10 години, ја потсетила за што пеела во неа, дека повторно ќе живее и ќе сака:
– Секогаш запомни, повторно ќе живееш, сакаш и танцуваш. Кога ја снимив оваа песна, бев на место каде што требаше да се потсетам на овие работи и таа стана една од моите омилени песни и уште поважно, мојата химна никогаш да не се откажувам од надежта и вистинската љубов – напишала Џенифер.