Ксенија Кнежевиќ, Сања Вучиќ и Ивана Николиќ пред неколку дена се простија од својата публика на настап во Белград.
По тој повод најавија доаѓање на нови девојки во групата, а ја прекинуваат соработката по пет години заедничка работа.
Откриено е кои три девојки ќе го заменат овој атрактивен состав.
„Во чест на претходните членови одлучивме тие да бидат „Ураган еден“, а новите членови ќе го носат симболичното име „Ураган два“.Според новата програма во текот на септември ќе снимаат две песни, а тие ќе поминат четири до шест години со публиката и фановите“, пишува во соопштението.
Најмладата членка која ќе биде дел од групата „Ураган“ е Миона Лаура Среќковиќ, поранешна учесничка на музичкиот натпревар „Ѕвездите на Гранд“.
Уште една нова членка на групата е Антонела Јуришиќ, таа досега има најголема популарност на социјалните мрежи.
Антонела има повеќе од 30.000 следбеници на Инстаграм, додека повеќе од 160.000 луѓе ја следат на TikTok.
Таа алудираше на нови проекти на TikTok и напиша:
„Мојата музика доаѓа наскоро. Останете ажурирани.”
Најстариот член на новата постава има 26 години, а тоа е Анџела Келеман. Има снимено неколку песни, а покрај тоа, сними и кавери за многу познати нумери.