Откриена причината поради која возило заврши во водите на Охридското езеро

ИЗВОРСкопје24
|

Невнимание е причина за несекојдневната случка кога автомобил утринава заврши во водите на Охридското Езеро.

Увидот на полицијата за утврдување на околностите под кои возилото марка „пежо“, со охридски регистерски таблички, завршило во езерото покажа дека жената која управувала со возилото, го паркирала автомобилот пред поранешното музичко училиште на кејот на Охридското Езеро, а потоа го напуштила без соодветно да го обезбеди, односно не ја кренала рачната сопирачка.

Конфигурацијата на теренот, односно косината на паркинг-местото, била причина возилото да се придвижи нанапред и да заврши во езерската вода.

На местото на настанот веднаш излезе и екипа на охридската противпожарна станица, која ќе се обиде да го извади возилото од езерото.

Сличнен настан пред година ипол се случи и во Скопје кога беше забележано дека автомобил плови во реката Вардар пред МНТ. На крајот се испостави дека возилото било на Весна Петрушевска – Бејби која како што изјави тогаш не знае како се случило возилото да заврши во водата на реката, бидејќи таа го паркирана на паркингот кај театарот.

„Јас сум шофер од 17 години, уредно ја изгасив колата ја заклучив и појдов на проба. Можно е да се работи за обид за кражба. Нема шанси колата сама да тргнала и да падне во Вардар“, изјави тогаш Петрушевска.