Откриена причината за падот на авионот кај Солунска глава

ИЗВОРСкопје24
|

Силниот ветер бил причина за уривањето на авионот кај Солунска глава при што животот го загубија сите четири члена на семејство Бошнакови.

Ова денеска го даде како одговор на прашањето премиерот Зоран Заев при прес конференцијата со новинарите после работната средба со стопанските комори за иницијативата за воведување скратено работно време при користење на родителско отсуство во Клубот на новинари.

Авионот “Цесна”, со која се превезуваа бизнисменот Георги Бошнаков и неговото семејство, паднал како камен. Ова го рекле извори запознаени со истрагата од прва рака, пишуваат бугарските медиуми.

Меѓу првите впечатоци на вработените од македонската единица за истрага на воздухопловни несреќи, авионот немал косо навалување, карактеристично за слични несреќи, туку се распаднал право надолу кон планинскиот рид каде се распарчал на парчиња. Поради оваа причина основна верзија на истрагата останува техничка неисправност во малиот авион.

Исто така, пилотската грешка и паниката не се исклучуваат како причини за несреќата поради нестабилните временски услови.