|
Во текот на минатата ноќ, бараките на ЈП Улици и патишта Скопје изгореа во пожар, а целата документација на претпријатието е уништена, објави „МКД“.
Во моментов, пожарот уште не е целосно изгаснат и на терен се возила на Пожарната бригада на Град Скопје.
За среќа, нема чевечки штети, ниту пов редени, бидејќи пожарот ја опфатил бараката во текот на ноќта, кога во неа немало никого.
Причината за пожарот е запалено возило паркирано во близина на бараките на ЈП Улици и патишта.
Што се случува во живо во моментов можете да погледнете со клик на линкот ТУКА.