Откриена вистинската причина зошто Лејди Гага раскина со 18 години постариот вереник

ИЗВОРСкопје24
|

Веќе со месеци наназад се шпекулира зошто пејачката Лејди Гага (32) ја раскинала врската со агентот Кристијан Карино (50), за кого беше и верена. Многумина мислеа дека причината е тоа што музичката ѕвезда ја поврзале со холивудскиот актер.

Сите мислеле дека таа е во љубовна врска со Бредли Купер, со кој глумеше во филмот „A Star Is Born“. Да потсетиме, тие двајца имаа впечатлив настап на доделувањето на Оскарите, а многумина мислеа дека помеѓу пејачката и холивудскиот заводник постои нешто повеќе од пријателство.

Лејди Гага ги демантираше озборувањата дека е во врска со Бредли Купер.

„Најпрво сакам да кажам дека социјалните мрежи се WC на интернетот. Го видовте тоа што сакавме да го видите. Тоа е љубовна песна. Тоа е љубовна приказна и ние напорно работевме на неа“, рекла Лејди Гага во една емисија.

Лејди Гага после тоа ја поврзаа со актерот Џереми Ренор (48). Меѓутоа, ниту тој не е причината што Лејди Гага ја раскинала веридбата со Карин. Како што пренесуваат медиумите, за раскинувањето е виновна љубомората.

„Таа одлучи дека повеќе не сака да биде во таква врска. Неговата љубомора ги премина сите граници. Постојано сакаше да знае каде е таа и што прави, ја малтретираше со константни пораки и не се однесуваше добро. На нејзините пријатели тоа исто така не им се допаѓаше“, рекол извор кој е упатен во ситуацијата.