Откриени непознати детали од животот на Шабан: Еве со што се занимавале неговите родители за да го прехранат

|

Шабан Шаулиќ роден на 6 септември 1951 година. Како младо момче сонува за кариера како фудбалер, а бил толку талентиран за овој спорт што бил поканет да игра во бугарскиот клуб „Левски“. Освен фудбал, Шабан сакал и бокс, но неговиот живот тргна во друг правец.

Како дете, Шабан живеел многу скромно. Неговото семејство немало доволни приходи, а неговите родители продавале лотарија и играчки за да го прехранат семејството. Доста време поминувал во Бјелина, од каде што потекнува неговата мајка Илдуза. Шабан заврши основно училиште, а на 18 години се преселил во Белград.

Чичкото на Шабан го поканил пејачот да пее во една кафана каде што тој одел често. Пејачот успеал да ја наполни кафаната, а тоа биле неговите први чекори кон музиката. Оттогаш Шабан започнал редовно да настапува.

Некои од неговите песни како што се: „Био сам пијанац“, „Ако ме тражиш“, „Доџи да остаримо заједно“; „Жал“ …важат се хитови во народната музика.

Шабан зад себе ја остави сопругата Гордана, како и ќерките Илда и Санела и синот Михајло.