Откриено е кој му кажал на убиецот од Градачац каде се крие Низама

|

Во медиумите на БИХ се појави тврдење дека лице поврзано со убиената Низама Хеќимовиќ од Градачац му открило на тројниот убиец Нермин Сулејмановиќ каде се крие со бебето, пишува Аваз.

Инспекторите, наводно, преку мобилниот телефон на убиецот додека ги пребарувале неговите контакти, повици и пораки дошле до името на роднина на убиената. Се испоставило дека Сулејмановиќ не само на денот на масакрот туку и денови пред тоа ја барал својата невенчана поранешна сопруга. Им се јавувал на сите нејзини пријатели, блиски и подалечни роднини, па дури и отишол до нивните домови, пишува Аваз.

Роднината наводно признала дека од страв ја открила локацијата на Низама.

„Братучетката знаел дека Нермин е криминалец, наркодилер и насилник и се плашела од него. Од страв му признала каде се кријат Низама и бебето. Таа горко плачејќи рекла дека мислела оти Нермин имал намера да ги одведе сопругата и бебето дома и рекол дека му е жал што ја претепал Низама и никогаш веќе нема да го направи тоа. Мислела дека Низама и Сулејмановиќ ќе се смират. Не ѝ паднало на памет дека ќе ја убие“, рекол извор близок до истрагата изјави за Република.