Истражувачите од американскиот Геолошки институт откриле езеро на дното на кратерот на најактивниот вулкан на Хаваите, што е многу необична појава.
Како што се наведува, вулканот Килауеа ја загрева водата во езерото, во кратерот во кој порано имало лава.
Температурата на водата е околу 70 степени, а лавата во кратерот исчезнала минатата година кога Килауеа прв пат престанал да еруптира, по повеќе од 30 години.
Геологот Мет Патрик изјавил дека е тешко да се одреди колку е длабока комората на магмата под дното на кратерот во кој е пронајдена вода, бидејќи големите количини на гас константно избиваат на површината.
Истражувачите сметаат дека областа и натаму не непристапна и опасна поради гасовите и другите ризици кои се појавуваат.
Како да плови на вода: Познатиот италијански замок воодушевува со својата убавина
На југот од езерото Гарда, на половина пат помеѓу Бреша и Верона, се наоѓа градот Сирмионе кој е идеална појдовна точка за истражување на Ломбардија.
Историското гратче се наоѓа на мал полуостров кој го дели долниот дел од езерото Гарда. Од дамнешни времиња, Сирмионе е едно од омилените места на богаташите од соседството кои доаѓаат тука за да уживаат во прекрасната атмосфера и поглед, како и во лековитите термални води.
Во градот доминира замокот Скалигер, кој е изграден од страна на истоименото семејство по кое замокот го добил името во 13-тиот век. Дворецот е исклучително сочуван, а поради специфичниот начин на градба, тој изгледа како да плови на езерото.
Импозантните кули и пешачките мостови оставаат впечаток кој не се заборава. Пештерите Катул се исто така една од туристичките атракции. Покрај рушевините на оваа древна римска вила и малиот музеј, е сместена плажа со бројни ресторани и кафулиња.
Како идеално место за живот, Сирмионе го препознала и славната оперска пејачка Марија Калас, а овој град претставувал инспирација за книжевниците како Стендал и Гете поради својата убавина, тесните камени улички и романтичното доживување.
Во близина е и забавниот парк Гардаленд, до кој се стигнува за помалку од половина час со автомобил.