Откриено кои се барањата пред настап на балканските пејачки: Тоа што го бара Карлеуша ќе ве шокира и насмее

ИЗВОРСкопје24
|

Светските ѕвезди имаат различни барања пред настап, а балканските пејачки се прилично скромни во тој поглед.

Минимални барања има Драгана Мирковиќ, која во бекстејџ бара да има само вода.

Една од поскромните е и Цеца.

„Имам листа на барање секако, тоа е нормално во нашата работа, но тоа не е ништо посебно, потребно ми е исклучиво само вода која не е од фрижидер, ништо повеќе“, изјавила Цеца во една прилика.

Лепа Брена пак има малку повеќе барања. Таа покрај вода бара да има и свежо овошје во бекстејџот.

„Едноставно сакам свежо овошје. Ништо посебно не преферирам, секое овошје е полно со витамини и минерали, така во секој случај нема да ми штети“ рекла Брена.

За разлика од нив Јелена Кралеуша е многу по сериозна во барањата.

Таа во 2012-та за време на еден фестивал привлекла многу внимание со своите барања.

ЈК од организаторите побарала непрскани јаболка, светски позната флаширана вода, грицки без глутен и ПАПАГАЛ!

За гардеробата имала посебни услови, па барала и соба во која нема прозорци и да има обезбедување пред вратата и паркинг.