Откриено колку заработува Владимир Путин но и’ што има од имот

ИЗВОРСкопје24
|

Рускиот претседател, Владимир Путин, минатата година заработил 135.300 долари, што е за околу 20.000 помалку од 2017. година, се наведува во неговата даночна пријава објавена на сајтот на Кремљ. Просечен месчен приход на претседателот за 2018. година бил 11.200 долари. Во пријавата се наведува дека имотот на Путин не се променил во текот на минатата година. Тој има стан од 77. метри квадратни и гаража од 18. квадрати. Исто така користи и стан од 153. квадрати и паркинг место од 15. квадрати. Сиот имот кој Путин го пријавил се наоѓа во Русија. Путин е сопственик и на два стари модели автомобили од моделот „Волво ГАЗ М21“ како и теренското возило „Нива“ и камп приколка „Скиф“.

Приходот на Путин е помал за 20.000 долари поради тоа што во даночната пријава во 2017. година пријавил пари од продажба на земјиште со површина од 1.500 квадратни метри. На сајтот на владата е објавена и даночната пријава на премиерот Дмитриј Медведев која покажува дека во 2018. година заработил 153.975 долари, што е 16. отсто повеќе во однос на 2017. година. Просечната плата на рускиот премиер минатата година била 12.,850 долари.

Неверојатен проект на Путин: Русија гради пат кој ќе го спои светот, ќе чини 150 милијарди долари, а еве кој отпаѓа од игра

Русија има во план за развој на Северно морскиот пат, кој е најкраткиот пат кој ги спојува Европа и Азија, во наредните пет години да вложи повеќе од 150 милијарди долари.

Експертите се согласни дека оваа рута би можела да го преземе приматот на Суецкиот канал, веднаш штом ќе се реализира целата потребна инфраструктура за обезбедување пловидба преку целата година.

Според планот за Северно морскиот пат воопшто да заживее како трговска рута помеѓу Азија и Европа, аналитичарите тврдат дека е неопходно да се зголеми прометот на товарот до 80 милиони тони годишно. За таа цел, повеќе од 300 милијарди рубљи (4,6 милијарди долари) ќе бидат распределени од рускиот државен буџет, додека останатите средства ќе бидат финансирани од други државни компании кои се вклучени во овој проект.

Прва е руската државна нуклеарна корпорација „Rosatom“, која воедно е и инфраструктурен „оператор“ на рутата на Северното Море. Корпорацијата би требало да издвои 173,1 милијарди рубљи, потоа Федералната агенција за морски и речен сообраќај „Росморечфолт“ – 226,5 милијарди, додека 235,9 милијарди рубљи ќе бидат издвоени за спојување на железничката врска, а 169,6 милијарди за изградба на неопходните заоблени хабови.

Меѓу останатото, овие средства вклучуваат изградба на нуклеарни мразокршачи, како и изградба на терминал за компресија на природен гас и воспоставување на глобален поморски комуникациски систем, како и модернизација на базата, каде што ќе се распоредува спасувачката флота, како и технички услуги за сите вонредни ситуации.

Имајќи предвид дека руската економија е високо ориентирана на енергија, односно нафта и гас, како и дека значителен дел од буџетот е исполнет благодарение на овие гранки, Арктикот за Русија игра многу важна улога, објаснува Григориј Добремелов, член на организацискиот комитет на Арктичкиот форум.

Кога станува збор за гасот, патот на Северното Море овозможува значително скратување на времето, но и намалување на трошоците за транспорт на синиот енергетски извор во компресирана форма, од моменталните 36 на 19 денови, бидејќи овој транспорт сега се одвива преку Суецкиот канал.

На пример, рутата од Владивосток до Санкт Петербург е 14.000, а преку Суецкиот канал е 23.000 километри. Покрај гасот, зоната над Арктичкиот круг за Русија е главната база за експлоатација на руда и минерали – има 95% од рускиот никел и кобалт, преку 80% гас, 25% нафта и 60% бакар.

Кога станува збор за другите земји кои би биле потенцијални корисници на овој морски пат, пред сè, треба да ја споменеме Кина. Нивните експерти проценуваат дека транспортот преку Северното Море ќе ја намали цената на кинеската роба што се извезува во Европа двојно, па така помали би биле и трошоците за испорака. Треба да се напомене дека минатата година се случила значајна работа, кога данската компанија и светски лидер во транспортот на роба „Maersk Line“, испратиле тест брод на патот на Северното море.

Тогаш Рускиот претседател Владимир Путин рекол дека таа пловидба свртела нова страница во историјата, бидејќи тој пример послужил за да се оправда безбедноста и ефикасноста на рускиот Арктик. Меѓутоа, главните недостатоци на Северно морскиот пат се суровите природни услови, бидејќи пловидбата во поголемиот дел од годината се остварува со помош на мразокршачи кои во моментов се во многу мал број.

На располагање има само осум мразокршачи – четири нуклеарни (“50 години победа”, “Џамал”, “Тајмир” и “Вајгач”), а четири на комбиниран погон (“Адмирал Макаров”, “Красин”, “Капетан Хлебников” “Капетан Дранјичин”).

Воениот аналитичар Владислав Шуригин објаснува дека под сегашните климатски услови, пловидбата преку Северно морскиот пат е возможна исклучиво во случај кога бродовите проаѓаат во вид на караван, со оглед на тоа дека поголемиот дел од времето морето е покриено со дебел слој мраз. Само два или најмногу три месеци, бродовите можат да поминуваат по овој пат без помош на мразокршачи, додал тој.

Шуригин истакнува и дека Русија во глобални размери моментално има најголема флота на мразокршачи во светот.

„Во тек е изградба на шест тешки атомски мразокршачи од типот ‘Сибир’, а се започнува со изградба на супер-мразокршачот ‘Lider’, кој преку целата година ќе може да го крши мразот, колку и да е дебел, дури и во услови на најтешка зима. Освен тоа, на Русија ѝ се потребни и десетици не-нуклеарни мразокршачи“, додал тој.

На прашањето дали Русија има капацитет да го изнесе овој огромен проект, Добромелов тврди дека може „и тоа како“, бидејќи тој е заснован на целокупна стратегија и развој на Северно морскиот пат, за Русија да биде во можност самостојно да ја реализира пловидбата, но и поради фактот дека ниедна друга држава засега нема капацитет како Русија. Инаку, за споредба, преку Суецкиот канал денес се пренесуваат повеќе од една милијарда тони роба, додека преку Северно морскиот пат таа бројка изнесува 200.000 тони. Исто така, бројот на бродови кои годишно поминуваат преку Северно морскиот пат е еднаков на бројот на бродови кои поминуваат низ Суецкиот канал за само еден ден.