Знаењата, вештините и искуствата на јапонските мулти-национални компании денес се целосно достапни и на македонските менаџери.
Препознатливиот меѓународен успех на јапонските бизниси се темели на уникатните јапонски менаџмент модели, техники и способности со кои ја градат својата конкурентска предност и долгорочен однос кон посветени вработени и задоволни клиенти.
Посветеноста кон вашиот професионален развој подразбира ваше изучување на меѓународната Професионална обука “Quality Management and Competitiveness”, развиена во целосна соработка на:
1. Јапонската Агенција за меѓународна соработка (JICA),
2. Универзитетот од Нагасаки (Јапонија),
3. Универзитет за национално и светско стопанство – UNWE, (Бугарија), и
4. Економскиот Факултет – Скопје, УКИМ
Вклучете се на оваа единствена Професионална програма. Бидете чекор поблиску кон светски успешните јапонски бизнис практики.