Аца Лукас и неговата избраничка Јована Дорошки отпатувале на краток одмор на пет дена, за кој издвоиле неверојатни 15.000 евра, открива Курир.рс.
Еден од најпопуларните пејачи на овие простори е пренатрупан со обврски и скоро и не стигнува да здивне и одмор од настапи, но по секоја цена сакал да помине барем неколку дена со својата нова девојка, со која е во врска од ова лето.
Го одбрал едно од најлуксузните летувалишта, италијанскиот остров Капри, каде цената на аранжман во хотел на море за двајца е 2.500 евра.
Освен аранжманот од 7 ипол илјади евра, барал на располагање да има јахта и некои луксузни барања.
Како што пишува Курир.рс морал да плати и две авионски карти, затоа што не стигнале на редовниот лет кој бил организиран од агенцијата. Тоа ги чинело над илјада евра. Вкупно собрано се на се со излегувањата и храната, луксузното патување на Капри за само пет дена Аца Лукас го чинело 15.000 евра.
Видеото можете да го погледнете ТУКА.