Отворено спортско игралиште во Дојран во чест на првиот дарител во земјава Емилија Динева

|

Блиските на Емилија Динева, првиот дарител на ор гани во државата сакаат да се зачува нејзиниот спомен во Дојран со обележување на места кои секогаш ќе ги потсетуваат на големиот хуман гест што го направи нејзиното семејство дарувајќи ги органите. Денеска во Дојран, во близина на нивниот дом се отвори мал спортски центар што го финасираа соседите и пријателите на Диневи.

Семејството на Емилија беше присутно, и се уште со болка говорат за неа. И после две години од нејзиното заминување, единствена утеха им е комуникацијата со луѓето што ги примија нејзините органи.

Во центарот на Дојран во градскиот парк е поставен и споменик во форма на две срциња, во спомен и чест на Емилија Динева.

Сузана Мицева