Тјернан Мекрејди однесе 18-годишна девојка на сигурно откако забележал дека ќе ја грабнат, а полицијата вели повеќето возрасни би се шокирале во таква ситуација.
Момче од Северна Ирска спаси тинејџерка од грабнување, откако видел како тројца на сила се обидуваат да ја внесат во комбе, а тој почнал да вика, пишува Мирор.
Настанот се случил во Дери, а момчето викало по грабнувачите, се додека тие не се откажале од намерата и не ја оставиле девојката. Мекрејди ѝ помогнал да побегне.
Полициската служба на Северна Ирска, го нарече момчето херој, а тој доби и медал на честа. Полицијата на Фејсбук му се заблагодари.
И во Македонија живеат чесни луѓе со големи срца – Ова е доказ за тоа
Јана Петровска загуби 500 денари кога отишла да си купува леб. Бидејќи живеела само од социјална помош, која изнесува 2000 денари, одлучила да ги замоли соседите да и помогнат да ги најде.
За среќа се нејзините пари се вратени од момче со големо срце, но тој не е единствениот пронаоѓач.
Прочитајте ја нејзината приказна:
„Се враќав од работа и го видов ова ливче залепено на влезот од зградата. Решив да направам добро дело и да и помогнам на госпоѓата со 500 денари, иако јас не сум наоѓачот. Заѕвонив на вратата, ми отвори стара бабичка, а кога и ги подадов парите одби да ги земе. Со солзи во очите ми раскажа дека излегла да си купи леб и на касата парите и ги немало. Веројатно и испаднале кога ја заклучувала вратата. Излезе дека во последните неколку часа јас сум шестиот „чесен пронаоѓач“ од соседите кој ги нашол „нејзините пари“, пренесе порталот Мотика.
Горд сум што во Македонија сеуште има чесни луѓе.