Ова е билката која се споменува и во Светото писмо, може да преживее 50 години без вода(ВИДЕО)

ИЗВОРnovlist.mk
|

Јерихондката ружа е билка која воскреснува, изгледа како сува кафена топка, но кога ќе се стави во вода, билката се одмотува, а листовите почнуваат да и зеленеат.

Оваа билка има способност да преживее и до 50 години без вода.

Листовите венеат, отпаѓаат, гранките се сушати се виткаат кон внатре, но по залевање повторно заживува и разеленува.
– Билката е потребно да се држи 2-3 дена во млака вода. Отварањето трае најмалку два часа, максимум 3 дена каде што постепено добива смарагна зелена боја. Четвртиот ден трба да се прекине со додавање вода за ружата да почне да се затвора. Процесот на оживување може да се повтори после три недели откако потполно ќе се исуши.
Јерихонската ружа е билка која потекнува од пустина во Јордан и Изреал, па поради тоа се нарекува и пустинска ружа. Во својата земја се почитува како нешто единствено и вредно, со висока симболичка вредност на среќа, љубов, богатство, успех, изобилство, вечност, нови почетоци и плодност.

Јерихонската ружа се споменува и во Светото писмо.

Спрема преданијата, после раѓањето на Исус злогласниот крал Херод издал наредба да се убие секое машко дете помало од две години. За да го спаси својот син Јосиф и Марија го напуштиле Витлеем. Патот преку пустината им го пкажала Јерихонската ружа која растела на двете страни на преминот.

Жедната Марија се напила вода од оваа ружа, и во знак на благодарност и измолила вечен живот.