Ова е бонус! Поради доброто водење на компанијата доби сума од која ќе ви се заврти во главата

ИЗВОРСкопје24
|

Поради доброто вршење на работата во текот на изминатите неколку години, шефот на Xiaomi доби бонус во акции чија што вредност според моменталната состојба на берзата се проценува на нешто помалку од една милијарда долари.

Зад Xiaomi е одлична година во која кинеската компанија го зазеде четвртото место на глобалниот пазар на паметни телефони, а компанијата исто така излезе на берзата во Хонг Конг.

За овој успех најголеми заслуги има основачот и извршниот директор на компанијата, Леи Џун, а управниот одбор на Xiaomi се погрижи тој успех да биде и соодветно награден.

Поради „придонесот за компанијата“ во текот на изминатите неколку години, Леи Џун доби 636,6 милиони акции чија што вредност според моменталната состојба на берзата се проценува на околу 961 милион долари. На воодушевување на целиот свет, Џун одлучи својот бонус да го донира во хуманитарни цели!

Секако, не е тешко да се претпостави дека извршниот директор на Xiaomi, веќе има преголемо богатство, кое инаку се проценува на околу 11 милијарди долари, но неговиот потег и донирањето на речиси една милијарда долари во хуманитарни цели е за секоја почит.

Од основањето на компанијата до денес, Xiaomi имаше бројни подеми, но и падови, а во текот на еден од најтешките периоди на компанијата, Леи изјави дека ако е потребно, самиот ќе оди во фабриките и ќе почне да работи на производните ленти.

Само во текот на минатата година, Xiaomi забележа пораст на испораката од 32%, а освен паметни телефони, кинеската компанија продава и бројни други геџети и потрошувачка електроника – од таблети, паметни часовници, паметни ваги и правосмукалки, па се до преносни компјутери.