Песната за првпат е објавенана 17-ти март 1919-та година, по Првата светска војна во “Ѕвон“, со наслов Сараевски атентат 1914.
Гаврило Принцип е една од најконтроверзните личности во целата историја.
Како што е познато, тој бил член на движењето „Млада Босна“, која се борела против Австро-унгарските власти во Босна и Херцеговина и за соединување на Јужните Словени.
На 28-ми јуни 1914-та година, Гаврило изврши атентат над Франц Фердинанд и неговата сопруга Софија во Сараево.
Затворот во Терезин е местото во кое Гаврило Принцип “престојувал“ во текот на истрагата за Сараевскиот процес по повод атентатот на Франц Фердинанд.
Принцип неправедно бил обвинет за почетокот на Првата светска војна, но факт е дека и без него би дошло до голем конфликт кој Австрија наголемо го подготвувала.
Еден месец подоцна, Австроунгарија ѝ објавила војна на Србија со што почнала Првата светска војна која завршила со распад на Хабсбуршкото царство.
Во ќелијата Габрило ја напишал својата единствена литературна творба која носела политичка порака.
Тромаво време се влече
И нема ништо ново,
Денес сè како вчера
Утре се подготвува истото.
И наместо да сме во војна
Додека воените труби трештат
Еве нè во ќелија
На нас ланците тропаат.
Секој ден ист живот
Погазен, згмечен и лош.
Јас не сум идиот –
Па тоа за мене е смрт.
Но, вистината ја кажа претходно
Зерајич, сокол сив:
“Кој сака да живее нека умре,
Кој сака да умре нека живее!