Или сe или ништо: Дознајте кој е најекстремниот хороскопски знак

ИЗВОРНов Лист
|

Тој или мрази или сака, или е опсесивно заинтересиран или потполно игнорира. За него важи правилото „Или сѐ или ништо“. Шекспировиот Хамлет рекол „Да се биде или не“ и тој сигурно бил Шкорпија во хороскоп, бидејќи сите Шкорпии секојдневно ја преживуваат својата верзија на Хамлет. Нивниот живот е исполнет со драми, трагични елементи и секоја нивна одлука има две спротивставени можни последици: Сѐ или ништо.

Шкорпијата е воден знак кој владее со средината на есента. Шкорпиите се интензивни, одлучни, храбри, истрајни, мистериозни, љубопитни и санодливи. Со него владеат планетите Марс и Плутон. Иако со Шкорпиите се поврзуваат некои негативни поими како што се страв, уништување, пропаѓање и крај, тие сепак се претставници на преродбата, односно крај на старото и почеток на новото. Шкорпиите се толку тврдоглави што нема да се откажат тогаш кога ќе треба, туку тогаш кога тие ќе сакаат.

Шкорпијата е екстремен хороскопски знак во секоја смисла на зборот. Многумина се прашуваат дали воопшто им требаат Шкорпиите во нивна близина. И покрај нивните негативни страни, припадниците на овој хороскопски знак се многу лојални. Тие никогаш нема да ви забијат нож во грб и никогаш нема да ве остават на цедило. Тие секогаш ќе ви помагаат да се извлечете од кризните ситуации. Кога станува збор за меѓучовечките односи, за Шкорпиите нема средина. Или ќе бидат подготвени да стават рака во оган за вас или ќе се преправаат дека не постоите.

Бидете внимателни, бидејќи Шкорпиите се големи злопамтила. Ако се скарате поради нешто, тие ќе ги запалат сите мостови и ќе прекинат секаков вид комуникација. Ќе ви треба многу време да ја поправите грешка, дури и да станува збор за нешто банално и несериозно. Доколку сте направиле поголема грешка, најдобро е сами да се „закопате“, бидејќи Шкорпиите се многу одмаздољубиви. Тие ќе чекаат да заборавите на вашата грешка и токму тогаш кога ќе помислите дека сте сигурни, тие ќе ви ја сервираат нивната одмазда.

Се верува дека Шкорпиите се бесчувствителни и ладни како мраз на емотивен план. Иако повеќето Шкорпии навистина се ладнокрвни, тоа не значи дека емоциите не им се развиени. Нивните емоции се многу длабоки, но мошне добро знаат да ги кријат. Шкорпиите се како нуклеарни реактори: Тие содржат голема количина на енергија и стабилни се под притисок, но до одредени граници. Ако го преминете нивниот праг на толеранција, бегајте што е можно подалеку, бидејќи ве очекува вистинска нуклеарна експлозија. Покрај тоа, тие се неверојатно сензуални и привлечни, па затоа ќе можат да ве заведат и уништат истовремено. Нивната енергија, волја и примарен инстинкт доминираат со нивните емоции и интелигенција.

Што се однесува до материјалните работи, Шкорпиите сакаат да имаат многу пари. Тие најчесто управуваат со туѓите финансии и стануваат банкари. Во зависност од нивната финансиска ситуација, Шкорпиите ќе се однесуваат или како просјаци или како милионери.

Според астромедицината, најважните органи на Шкорпијата се уринарниот тракт, репродуктивните органи, ендокрините жлезди и носната коска. Нивни заштитни бои се црна, бордо и кафеава. Шкорпиите исто така се одлични во областа на психијатријата, продирањето во несвесното, окултните науки, јогата и слично.

Шкорпиите од прва декада владеат со отровите и стануваат хемичари, фармацевти, патолози, анестезиолози и гробари. Шкорпиите од втора декада ја претставуваат тајната служба и стануваат истражувачи на теории на заговори, контролори на летови, контролори на финансии и слично. Шкорпиите од трета декада се лојални луѓе кои стануваат доктори, психијатри и управители на фирми.