Ова е најубавиот сладолед од лубеница – за подготовка потребни се само три состојки

ИЗВОРНов Лист
|

Прочитајте како најлесно и наједноставно да направите вкусен сладолед од лубеница од само три евтини состојки!

Состојки:

– лубеница – 1 лимон – 5 лажици шеќер – чоколадни трошки.

Подготовка:

Пресечете го врвот на лубеницата и со миксер изблендирајте ја внатрешноста, така што ќе добие текстура на смути.

Во лубеницата исцедете еден лимон (може и повеќе ако сте љубител на кисело-слатки комбинации) и додадете пет лажици шеќер.

Повторно измешајте сè.

Оставете во фрижидер за смесата да се излади и доволно да се зацврсти за да може да правите топки од сладолед.